Човекот Пепелашка
Нелсон Мандела еднаш рекол “Спортот има сила да го промени светот.....да инспирира...........да ги обедини луѓето”.
Како мало дете верував дека ќе ги доживеам спортските височини само со сопствениот труд, надеж и сон. Тоа беше пред 16 години. Тогаш веќе беа излезени Rocky “1,2,3,4,5” “Cinderella Man”, ”Million Dollar Baby” и многу други американски филмчиња на кои повозрасните велеа, се што е од западот е лошо, посебно од Америка не од Англија или Германија туку потенцираа “Америка”. Без оглед на се можеби сум футка на генерацијата, искрено да ги гледам “Жикина Династија” и “Солунски Патардии” не беа некоја добра замисла за исполнување на слободното време. Ама во ред вкусови се вкусови. Но ако се има различни вкусови за филмови, највероватно има различи вкусови и за гледиштето кон животот. Денес ние сме една угнетена младина, генерации и генерации кои по своја грешка повторувам по своја грешка шетаат со наведната глава, не поради срам или нешто поморално, туку од фактот дека сме страшно збунети. Јас верувам во изразот “Today a Rebel, tomorrow a free man”, но повеќето од мојата генерација не веруваат, не од некои размислувања туку од фактот дека едноставно не разбираат англиски, барем повеќето од нив. Ама важно го знаат Че Гевара да не навлегувам зошто, амбициозен муабет има во тоа.
No comments:
Post a Comment